ВИДЕО | Погледнете ја моќта на ‘мајка природа’ – застрашувачки природен феномен снимен над езеро се шири со молскавична брзина на Интернет: “Како е воопшто можно ова ?!“

Случајните минувачи и жителите на брегот на езерото Мултри во Јужна Каролина, САД, во неделата имале можност да бидат сведоци на неверојатен природен феномен.

Таканаречената „водената пијавица“ ја осветлувала површината на езерото како рефлектори од театар. „Бодената пијавица“ или виорот се јавуваат во крајно нестабилна атмосфера односно тоа се смета за помало торнадо на вода.

Оваа појава била забележана над вештачкото езеро, кое е трето по големина во американската сојузна држава Јужна Каролина.

За среќа, ветерот дувал подалеку од брегот и луѓето, па нема извештаи за повредени или евентуална штета.

Но, сепак, „водените пијавици“ се едни од најстрашните потврди на природата дека никогаш не треба да го тестирате трпението на мајката природа. „Како е тоа воопшто возможно ?“, напишал еден корисник на социјалната мрежа Твитер под видеото.

Овој феномен се појавува како долга колона од воздух кој брзо се врти над водните тела како што се океаните, езерата или дури и реките, што го поврзува небото со Земјата. Ваквите појави се малку ретки иако некои места во тропските региони се природно повеќе склони кон нивниот гнев. Во американската држава Флорида, склона кон торнада, годишно се случуваат околу 500 такви појави, честопати повеќе од една во исто време.