ВИДЕО | ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА СНИМКАТА ОД ДЕВОЈКАТА КОЈА ГО РАСЦЕПИ ЗНАМЕТО НА СРБИЈА – Црногорка предизвика хаос на Интернет, а се верува дека се крие во Косово !?
Црногорската полиција трага по малолетната Е.С од Бар, за која се сомнева дека го нарушува угледот на странска држава бидејќи на социјалната мрежа Тик Ток објавила видео на кое се гледа како прво го кине, а потоа плука по знамето на Србија, јавува RTCG.
Според неофицијални информации, надлежните имаат информации дека Е.С по потекло е од Косово и дека сега е таму.
Првиот човек на Основното државно обвинителство во Бар, обвинителот Радован Ѓуришиќ, за RTCG изјавил дека регионалното полициско одделение го известило обвинителството за видео на кое се гледа како малолетна девојка го кине и уништува државното знаме на Србија.
Малолетничката е идентификувана и по неа е започната потрага, а обвинител, според Кривичниот законик на Црна Гора, делото го оквалификува како повреда на угледот на странска држава или меѓународна организација.
Видеото од малолетната девојка објавено на Тик Ток можете да го погледнете ОВДЕ.