(ВИДЕО) ПОЖАР ВО БОЛНИЦА ВО ПЕКИНГ – Луѓето седат на клима уредите за да се спасат додека 21 лице загинаа

Дваесет и едно лице загина во пожар во болницата Чангфенг во Пекинг, што предизвика евакуација на десетици пациенти, објавија кинеските државни медиуми.

Персоналот евакуирал 71 пациент, објавија медиумите.

Видеата од пожарот кои кружат на социјалните мрежи покажуваат црн чад кој извира од зградата, а некои луѓе се искачуваат низ прозорците на јаже направено од постелнина. Други се качија на клима уредите што се наоѓаат веднаш до прозорците.

Пожарот е изгаснат, а причината е под истрага, според извештаите, пренесува ABC News.