ВИДЕО | Познатата бразилска фудбалска ѕвезда жртва на филмски грабеж: Му впериле пиштол во глава, земале се и исчезнале за 60 секунди

Поранешниот бразилски репрезентативец Фред (40 г.) бил ограбен на сред улица во Рио де Жанеиро. Разбојниците му впериле пиштоли во главата и му го украле автомобилот и скапиот часовник, а грабежот бил снимен на безбедносна камера. Грабежот се случил ноќта меѓу четвртокот и петокот, непосредно по натпреварот меѓу Флуминенсе, чиј спортски директор е Фред, и Сао Паоло.

Разбојниците очигледно го следеле Фред, кој очигледно под закана го запрел својот автомобил во областа Ипанема. Од возилото во кое биле напаѓачите излегле тројца мажи вооружени со пиштоли, а поранешниот фудбалер не пружил никаков отпор. Видео-снимката од камерата од семејната куќа пред која се случило злосторството и трае само една минута, што било доволно разбојниците да го запрат Фред, да го извлечат од автомобилот и со вредниот плен да побегнат во непознат правец. Полицијата засега не им влегла во трага на разбојниците.

Видео-снимката од нападот над Фред можете да ја погледнете ОВДЕ.

Инаку, Фред е вториот најдобар стрелец во историјата на Флуминенсе со 199 гола во сите натпреварувања, за репрезентацијата на Бразил одигра 39 натпревари и постигна 18 гола. Тој летово се прости од фудбалот и ја презеде функцијата спортски директор на Флуминенсе.