ВИДЕО | ПОЛИТИЧКИ ЦИРКУЗ ИЛИ ТАЈНИ ПОРАКИ !? Што се случуваше во парламентот на ЕУ додека Урсула фон дер Лајен држеше говор: Какви пораки беа испратени со овие гестови на политичарите ?
За време на говорот на претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон извади игли и конец и почна да плете.
Се се случи вчера на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур, пишува весникот Politico, а сцената можете да ја погледнете ОВДЕ.
„Комесарката на ЕУ за внатрешни работи Илва Јохансон беше видена со игли за плетење во салата. Ова не е прв пат да го прави тоа“, пишува весникот.
На видеото, Илва Јохансон може да се види како плете преку масата на нејзиното место во парламентот.
Politico објави и фотографија од тегла џем што првата дама на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја донесе со себе на говорницата пред нејзиниот говор, а тој момент можете да го погледнете ОВДЕ.
Угледниот весник пишува за тоа дали е можно Урсула фон дер Лајен да ставила тегла џем до неа како своевиден скриен политички сигнал, за кој јавноста нема поим.