ВИДЕО | “Поради ова ќе добијам отказ од работа!“ – гафот на една од најубавите спортски водителки во директен пренос предизвика урнебесна реакција од нејзините колеги – погледнете!
Очите на фудбалскиот свет во вторникот беа вперени во стадионот „Сан Сиро“, каде се играше реванш натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите.
Фудбалерите на Интер го победија Милан со резлутат од 1:0 во градското дерби и со вкупни 3:0 изборија пласман во финалето на Лигата на шампионите.
Како и многу телевизиски куќи, CBS го следеше судирот меѓу градските ривали, а во нивниот директен пренос, атрактивната водителка Кејт Абдо направи голем гаф.
„Ние овде во Fox Sports…“, кажала водителката, па се поправи.
„Fox Sports !? Ние сме на CBS Sports“, ја корегирале другите водители својата колешка во изјавата. Тиери Анри го „фрли“ микрофонот, Џејми Карагер го зграпчи стомакот од смеење и „падна“ зад пултот, додека Мајк Ричардс исто така „се валаше“ од смеење.
„За ова ќе добијам отказ“, кажала убавата водитела, шегувајќи се на сопствена сметка за ненамерната грешка.