ВИДЕО | ЗАГИНА ЕВГЕНИЈ ПРИГОЖИН! Се урна приватен авион, а со лидерот на Вагнер имало уште девет лица – сите се мртви – ова се најновите информации!
Евгениј Пригожин загина во авионска несреќа во Русија, објави BBC. Со него загинаа уште девет лица, објавуваат светските медиуми.
Според информациите на реномираните светски медиуми, Евгениј Пригожин бил на списокот на патници. Сепак, веста за неговата смрт се уште не е официјално потврдена.
Според руската државна медиумска агенција ТАСС, авионот се урнал во регионот Твер. Сите што биле во него починале. Според ТАСС, авионот летал од Шереметјево кон Санкт Петербург. Во авионот имало тројца пилоти и седум членови на екипажот.
ТАСС од итната помош дознава дека се пронајдени телата на четири лица. Додаваат и дека авионот изгорел на земја и дека летал помалку од половина час. Федералната управа за авијација започна истрага за несреќата. Одделот извести дека меѓу патниците во авионот бил и Евгениј Пригожин, а потоа објавија и напис дека е на списокот на патници.
Кој е Евгениј Пригожин ?
Евгениј Пригожин е основач на групата Вагнер. Платениците од Вагнер беа клучни во освојувањето на украинскиот град Бахмут во пролетта. Борбата за Бахмут траеше повеќе од половина година. Додека траеше битката за Бахмут, Евгениј Пригожин секој ден сè повеќе го критикуваше руското воено раководство.
Работите излегоа од контрола на 24. јуни кога дојде до отворен бунт на борците на групата Вагнер. Борците на Евгениј Пригожин го зазедоа Ростов на Дон и неколку други места на југот на земјата и се упатија кон Москва. Во попладневните часови тој ден се одржаа преговори и Вагнер одби да влезе во руската престолнина – Москва. Како што беше најавено во следните денови, одлучено е Вагнер, кои не се приклучуваат на руската Армија, да бидат амнестирани и префрлени во Белорусија.
Во последните денови се зборуваше дека лидерот на Вагнер е во Африка.