ВИДЕО | Почина ‘најмрзливиот човек’ на светот – тој нема работено ниту еден ден повеќе од 50 години: “Работат само будалите!“

Арно Дибел (67 г.), кој многумина го сметаа за најнеблагодарниот невработен во Германија, почина во Универзитетската болница во Хамбург-Епендорф, пишува весникот Bild.

Овој вечен примател на бенефиции за невработеност се прослави со изјавите како – „Секој што работи е глупав“, гневот на другите граѓани го навлече врз себе со појавувањето во популарните ток-шоуа како „Arabelle“ каде што објаснуваше дека ја одбива секоја понудена работа и претпочита да живее со помош од државата.

Арно Дибел

Овој човек често се фалеше дека не работел со децении и се гордееше со тој факт.

Но, како што вообичаено се случува, одредена слава стекна преку гостувањата на разни телевизии, подоцна резултира со збогатување.

Арно Дибел ја сними својата прва песна „Der Klugere kippt nach“ во 2010 година, но реакцијата на публиката не беше позитивна. На неговиот прв настап во живо, тој бил полеан со пиво и исвиркан. Арно Дибел не го поколебало ова, па една година подоцна сними уште еден сингл наречен „Ich bin doch lieb“.

Иако песната стигна до топ 100 најпродавани синглови, Арно Дибел не заработи значителен приход од неа.

Во меѓувреме, Арно Дибел дури имал менаџер кој му ветил дека ќе го направи актерска ѕвезда, но ни од тоа ништо. Тој продолжил да живее од државна помош, а последните години ги поминал во пензионерски дом.

Инаку, Арно Дибел по завршувањето на основното училиште на 16-годишна возраст дури се обидел да влезе на пазарот на трудот, но таа авантура кратко траела.

Работев како слободен сликар две години, но дадов отказ. Едноставно немав повеќе мотивација“, изјавил во едно од телевизиските гостувања „најмрзливиот човек“.

Од 1974 година живее од државна поддршка, собирајќи илјадници и илјадници евра низ годините. Во 1986 година тој се разболел од белодробна болест, која на крајот станала хронична, а се шпекулира дека тоа би можело да биде причина за неговата смрт.