ВИДЕО | “ПОЧНУВА МАРШ КОН МОСКА“ – Борците на Вагнер најавија брутална одмазда! Конвои од Белорусија се упатуваат кон границата со Русија: “Се надеваме дека сте подготвени…“

Откако групата Вагнер и Кремљ потврдија дека Евгениј Пригожин загинал во авионска несреќа во близина на Москва, Националниот центар на отпор (НЦО) објави дека конвои од борци на Вагнер ја напуштаат Белорусија и се упатуваат кон Русија. Извори во Белорусија велат дека некои од базните кампови на Вагнер се веќе демонтирани во текот на ноќта од среда кон четврток, а членовите на приватната воена група формирале конвои за да ја напуштат земјата.

Колоните веројатно се упатуваат кон границата со Русија“, соопштија од Националниот центар на отпор, пренесуваат странските медиумски агенции.

Според извори на НЦО во Белорусија, белоруската Влада не го одобрила повлекувањето на групата платеници. Белоруските специјални служби наводно се обидуваат да пресретнат конвои на границата.

Веста ја пренесе и BBC, истакнувајќи дека се уште нема официјална потврда. Се додава дека сите мобилни мрежи во близина на камповите се во прекин.

Профили (канали) на социјалната мрежа Телеграм поврзани со Вагнер се запалија веднаш штом беше потврдено дека Евгениј Пригожин се наоѓал во малиот приватен авион што се урна во близина на Москва.

Отворено кажуваме дека главните осомничени за смртта на Евгениј Пригожин седат во Кремљ. Државниците на чело со Владимир Путин се обиделе да го убијат. Сите се прашуваат што ќе правиме ако се потврди смртта на Евгениј Пригожин. Само едно ќе ви кажам – подгответе се за нас! Ќе организираме втор марш кон Москва!“, пишуваат профилите на социјалната мрежа Телеграм кои се тесно поврзани со платеничката група.

Лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин и неговиот истакнат командант Дмитриј Уткин беа меѓу патниците во авионот што се урна во Русија, соопшти руската владина агенција за воздухопловство, додавајќи дека ниту еден од патниците не преживеал.

Претходно руската агенција за цивилно воздухопловство Росавијација објави само дека Евгениј Пригожин е на списокот на патници на соборениот авион.

Но, доцна во средата, агенцијата ги даде имињата на сите седум патници и тројца членови на екипажот за кои сега се знае дека биле во авионот „Ембраер“ што се урна во средата во близина на Москва.

Сепак, ниту Росавијација, ниту кој било друг руски функционер сè уште не кажале недвосмислено дека Евгениј Пригожин е убиен. Се уште нема официјална реакција од руските власти за несреќата.