ВИДЕО | ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИЗРАЕЛ ГИ “ИСКАРА“ СТРАНСКИТЕ НОВИНАРИ – Таткото на нацијата збесна по прашањата за бомбардирањето на Појасот Газа: “Мораме да се браниме!“
Претседателот на Израел, Исак Херцог, денес имаше неколку многу силни „кавги“ со странски новинари, за време на прес-конференција во неговата резиденција во Ерусалим, пишува Times of Israel.
Според споменатиот медиум, Исак Херцог, кој важи за благ политичар, луто реагирал на прашањата на новинарите на CNN и Channel4 за тековното бомбардирање на Појасот Газа од страна на израелската Армија.
Запрашан од репортерот на CNN, кој кажа дека тоа што се случува во Појасот Газа е „колективното казнување“ на цивилите и „воено злосторство“, Исак Херцог го кренал гласот и рекол:
„Многу сум разочаран што тоа ме прашувате во моментов, го видовте ли масакарот во јужен Израел ? Сите што го видовте. Па сега почнуваме со реториката за воени злосторства. Навистина ? Навистина ?“, бурно одговорил Исак Херцог.
Исак Херцог повторил дека Израел го почитува меѓународното право и постапува според меѓународното право, пишува Times of Israel.
Репортерот на Channel4 рекол дека е „збунет“ од одговорите на Исак Херцог, имајќи предвид дека тој изгледа ги смета луѓето од Појасот Газа „одговорни“ за злосторствата на Хамас.
Претседателот на Израел налутено го прекинал прашањето и рекол:
„Со сета почит, ако имате проектил во вашата проклета кујна и сакате да го испукате кон мене, дали ми е дозволено да се бранам ? Таква е ситуацијата“, одговорил тој.
Исак Херцог подоцна го отфрли прашањето на новинарот на CNN за тоа дали премиерот Бенјамин Нетанјаху сноси одговорност за неуспехот да се спречи нападот на Хамас, велејќи:
„Ние сме во војна, јас воопшто не се занимавам со тоа“.
На прашањето кој е планот на Израел, Исак Херцог одговорил дека планот е да се спречи Хамас да повтори таков напад.
„Мораме да се браниме. Имаме целосно право на тоа и крајно време е светот да го разбере“, нагласил претседателот на Израел.
Бурната прес-конференција на Исак Херцог можете да ја погледнете ОВДЕ.