ВИДЕО | “ПРИСТАПУВАЊЕТО ВО ЕУ ДО 2023 ГОДИНА Е ВОЗМОЖНА МИСИЈА“ – Фатмир Битиќи од Преспа форумот за дијалот: “Соработката е клучна, да се избегнат моментите на тврдоглавост и одбивање“

„Трасирањето на патот кон ЕУ значи мудрост, но и многу работа. Секоја од нашите земји има големи аспирации, а секоја економија има можности за просперитет и напредок. Уверен сум дека балканската компетитивност може да придонесе нашите економии да бидат поблиску до европскиот пазар и уште поблиску до евроинтеграциите“, посочи денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на сесијата „Трасирање на патот кон просперитет: економско-финансиски стратегии за раст на Западниот Балкан“ што се одржува во рамки на Преспа форумот во Струга.

Битиќи, кој е домаќин на сесијата, истакнa дека соработката е клучна. Треба да се избегнат, потенцира, моментите на тврдоглавост, одбивање и несоработка. 

Според него, пристапувањето во ЕУ до 2030 година е возможна мисија. 

Треба да соработуваме. Преспанскиот договор донесе нови можности за балканскиот регион, особено заради зголемување на соработката. Со него се разрешија многу прашања кои беа болни за двете земји и имаше домино ефект врз целиот балкански регион. Преспанскиот договор го трасираше патот кон просперитет, овозможи интензивирање на соработката, и економска и дипломатска. Сега го трасираме патот кон членство во ЕУ што значи прифаќање одредени политки – зајакнување на институциите, зајакнување на економиите и конкурентноста, подобрување на економските односи и на трговската размена“, вели Битиќи

Вицепремиерот се осврна и на планот за Западен Балкан што го подготви ЕУ, чија цел е балканските земји да бидат поблиску до Европската Унија.

Подготвен е план со кој балканските змеји ќе бидат поблиску до ЕУ. Планот има четири столба – приближување до единствениот европски пазар, продлабочување на регионалната економска интеграција, независно судство и борба против корупцијата, како и капитал за реформи и инвестиции. Ова овозможи создавање нови ницијативи во рамки на Балканот. Така можеме да одиме напред кон ЕУ. И Преспанскиот договор овозможува евроинтеграција на земјите од Блаканот, до 2030 година да станеме членки на ЕУ“, нагласи Битиќи 

Говорници на сесијата се и гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, министерот за финансии на Црна Гора Александар Дамјановиќ, како и Ивана Живковиќ од УНДП