ВИДЕО | ПРОТЕКУВААТ ПРВИТЕ СНИМКИ ОД КРИМ – На улиците владее општа паника, Севастопол во пламен: “Не доаѓајте во центарот на градот, останете дома!“

Седиштето на руската Црноморска флота во Севастопол во петокот беше изложено на ракетен напад, потврди локалниот гувернер, Михаил Развозаев во објава на социјалните мрежи.

Непријателот изврши ракетен напад врз штабот на флотата. Фрагментот паднал во близина на градскиот театар… Сите оперативни служби излегле на местото на инцидентот. Се разјаснуваат информациите за жртвите. Ве молиме останете смирени. И не објавувајте фотографии и видеа“, порача Михаил Развозаев во објава на социјалната мрежа Телеграм.

На улиците на пристанишниот град на Крим владееше паника, а над Севастопол се издигна густ црн чад, а сцените од нападот можете да ги погледнете ОВДЕ.

Ракетите ни прелетаа над главите, а потоа се слушнаа силни експлозии“, сведочат жителите за тамошните медиуми.

Иако гувернерот Михаил Развозаев им забрани на граѓаните на Севастопол да објавуваат видеа од нападот на пристанишниот град на социјалните мрежи, неколку видеа протекоа на социјалната мрежа Телеграм и Х (Твитер), а истите можете да ги погледнете ОВДЕ

Тие јасно покажуваат дека седиштето на Црноморската флота е речиси уништено. Украинската ракета погодила, како што изгледа, точно „во центар“. Сè уште не е познат бројот на жртвите, но локалните медиуми јавуваат дека на местото на инцидентот се упатиле десетина возила на итната помош.

На местото на настанот пристигнаа сите служби за итна помош. Засега немам информации за жртвите. Ве молам, останете смирени“, им порача Михаил Развозаев, кој по пат предупреди дека е можен нов напад.

Ве молам, не патувајте во центарот на градот. Не ги напуштајте зградите“, напиша тој на социјалната мрежа Телеграм.