ВИДЕО | ‘ПУКНА ТИВКАТА’ – Погледнете ја реакцијата на Кристијано Роналдо за која зборува целиот Интернет откако неговата девојка самоуверено одговори дека ќе се омажи за него!

Двојката Кристијано Роналдо (37 г.) и Џорџина Родригез (29 г.) пристигнаа во Мадрид поради работни обврски, поточно лансирање на неговиот бренд за вода. 

Некои обожаватели шпекулираат дека негодувањето на Кристијано Роналдо има врска со нејзините видеа со тверкање, но како и да е, јасно е дека тие сосема поинаку одговориле на судбоносното прашање.

Имено, новинарите ја прашале Џорџина Родригез дали ќе се омажи за Кристијано Роналдо, на што таа веднаш одговорила: „Секако.”

Додека Џорџина Родригез решително ја давала таа изјава, Кристијано Роналдо бил шокиран и превртел очите. Видеото брзо стана вирално на социјалните мрежи, иако фудбалерот е познат по хумористичните изрази на лицето и гримасите.

Сите врски на Кристијано Роналдо се само за децата“, гласел еден од коментарите под видеото додека друг додал: „Ирина е подготвена за камбек“, мислејќи се за поранешната девојка на фудбалерот, моделот Ирина Шајк.

Да потсетиме дека за проблемите околу Џорџина и Кристијано почна да се зборува во месец април. Наводно се создадени откако Кристијано Роналдо заигра за новиот клуб Ал Наср во Саудиска Арабија, а неговата партнерка луксузно ги поминувала деновите во шопинг. Ова му пречело на фудбалерот бидејќи таа повеќе не е фокусирана на семејството како порано.

Тие заедно ги имаат ќерките Алана Мартин и Бела Есмералда, синот на фудбалерот, Кристијано Џуниор, кој го има со жена со таен идентитет, и близнаците Ева и Матео, кои ги родила сурогат мајка.