ВИДЕО | РАЗБИЕН ГОЛЕМ БАЛКАНСКИ КАРТЕЛ – Запленети 2.7 тони кокаин во Аталнскиот Океан, а во Србија уапсен 70-годишен маж кој бил мозокот на организацијата: Погледнете ја снимката!

Во меѓународна акција предводена од припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија, во соработка со Јавното обвинителство за организиран криминал и БИА, а во координација со Европол и неколку европски полициски сили, од едрилица запленети се 2,7 тони кокаин во Атлантскиот Океан, додека организаторот на оваа криминална група С.К. (70 г.) е уапсен во Србија заедно со уште тројца осомничени, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија, пишуваат соседните медиуми.

Покрај С.К., во Србија се уапсени и членови на организираната криминална група Н.С. (35 г.), Н.С. (43 г.) и Б.К. (40 г.).

Криминалната полиција на Полициското одделение за град Белград започна истрага против оваа криминална група на почетокот на 2022 година поради сомнение дека се занимава со шверц на големо на кокаин од Јужна Америка во ЕУ, а активностите против оваа мрежа се проширија и на другите светски полиции и истата акција е координираната од Европол, во рамките на оперативната работна група „Балкански картел“, се наведува во соопштението.

Во операцијата која ја предводеше Србија, со координација на Европол, учествуваа надлежни органи од Шпанија, Бразил, Хрватска, Франција, Полска, Португалија и Словенија.

На 24. август врз основа на заедничка оперативна работа уапсени се шест лица, од кои четворица на територијата на Србија, претресени се 15 станови, запленети се 2,7 тони кокаин, две возила од висока класа, скапи рачни часовници и над 550.000 евра. Исто така, во рамки на финансиската истрага, блокирани се и поголем број банкарски сметки и имоти.

Се сомнева дека оваа организирана криминална група транспортирала кокаин од Јужна Америка, обезбедувала едрилици и испраќала пратки користејќи шифрирана комуникациска платформа.