ВИДЕО | РАМЗАН КАДИРОВ СЕ ПОЈАВИ ЗА ПРВ ПАТ ПО ГЛАСИНИТЕ ДЕКА Е ВО КОМА – Лидерот на Чеченија се прошета со синовите и испрати кратка порака
Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров е виден во јавноста по гласините дека е болен и во кома.
На краткото видео се гледа како Рамзан Кадиров шета и разговара со своите синови и со другите членови на семејството.
Видеото на својот Инстаграм профил го објави помошникот на чеченскиот лидер Умар Даудов, а истото можете да го погледнете ОВДЕ.
„Прошетката беше одличен крај на вечерата со семејството. Искористете ги среќните моменти, пријатели, најдете време и посветете повеќе внимание на семејството. Одморете се од толпата и задоволете си себе си и нив“, ги цитира Умар Даудов зборовите на Рамзан Кадиров.
Засега не се знае кога е направена снимката.
Украинските и странските медиуми, да потсетиме, во петокот објавија дека Рамзан Кадиров е тешко болен и наводно е во кома. Портпаролот на Министерството за одбрана на Украина, Андриј Јусов, изјави дека здравствената состојба на претседателот на чеченската држава значително се влошила во последните денови и дека тоа е последица на тешка болест.
„Информацијата е потврдена од различни извори во медицинските и политичките кругови. Не се работи за повреди. Долго време е болен, а зборуваме за системски здравствени проблеми“, вели Андриј Јусов.
Рамзан Кадиров и неговите соработници досега постојано ги негираа ваквите наводи.