ВИДЕО | Реакцијата од ‘послушникот’ на Александар Вучиќ во Обединетите Нации е вистински хит: Доцна сфати дека камерата го снима, а тоа што го направи е урнебесно

Социјалните мрежи во Србија се преплавени со урнебесно видео од Обединетите нации во кое главен актер беше Марко Ѓуриќ, српскиот амбасадор во Вашингтон.

Претседателот на СрбијаАлександар Вучиќ, го заврши својот говор, а српската делегација почна енергично да аплаудира. Сепак, Марко Ѓуриќ тоа го направи малку млако, но кога виде дека камерата го снима, настана мала паника. Тој веднаш во секунда стана и го “зголеми” аплаузот, а тој момент можете да го погледнете ОВДЕ.

Инаку, Марко Ѓуриќ отсекогаш имал репутација во Србија како еден од најверните следбеници на Александар Вучиќ. Секогаш се наметнуваше во прв план, го опсипуваше со комплименти „големиот лидер“, го бранеше од „злобната опозиција“, а опседнатоста да му ласка на Александар Вучиќ на крајот се исплатеше. Ја доби својата работа од соништата – амбасадор на Србија во САД.