ВИДЕО | РЕКОРДНА ЗАПЛЕНА НА ДРОГА ВО ИТАЛИЈА – Пронајдени 5,3 тони кокаин вреден 850 милиони евра во рибарски чамец !?

Италијанската финансиска полиција објави рекордна заплена од 5,3 тони кокаин кој бил префрлен од еден на друг брод во близина на брегот на Сицилија.

Медиумската агенција Reuters јавува дека проценетата вредност на запленетата дрога е 850 милиони евра, италијанските власти уапсиле пет лица, од кои двајца Тунижани и еден италијански, еден албански и еден француски државјанин.

Финансиската полиција го следела бродот што патувал од Јужна Америка до Сицилија и почнала да дејствува откако авион кој ја снимал областа регистрирал фрлање пакети од палубата во водите на Месинскиот теснец со цел да ги земе локален рибарски брод.

Италија, заплена на кокаин, кокаин

Полицијата го запрела тој рибарски брод и пронашле сокриени големи количества дрога.

Се вели дека Ренато Шифани, претседател на регионот на Сицилија, ја пофалил полициската операција, нарекувајќи ја удар врз шверцерите на дрога.