ВИДЕО | Реџеп Таип Ердоган на саудискиот принц му го подари првиот турски електричен автомобил: Мохамед бин Салман за возврат го возеше ‘султанот’ до хотелот

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, му го подари на саудискиот принц Мохамед бин Салман првиот турски електричен автомобил Togg за време на неговата посета на Саудиска Арабија.

Реџеп Таип Ердоган и Мохамед бин Салман одржаа средба во кралската палата Ал Салам, по што следеше средба на делегации.

По разговорот, Реџеп Таип Ердоган на саудискиот престолонаследник му го подарил автомобилот Togg.

Двајцата лидери заедно го разгледале возилото во дворот на палатата, а по средбата Реџеп Таип Ердоган се вратил во својот хотел со автомобилот Togg управуван од Бин Салман, објави медиумската агенција Anadolu Agency.

слика
Реџеп Таип Ердоган и Мохамед бин Салман
слика
Реџеп Таип Ердоган и Мохамед бин Салман
слика
Реџеп Таип Ердоган и Мохамед бин Салман