ВИДЕО | РУСИТЕ ДОБИВААТ НОВ МОЌЕН ДРОН! Погледнете какво ‘чудовиште’ испраќа Владимир Путин на фронтот во Украина – ова се неговите карактеристики
„Дрон-хеликоптер БАС-200 ќе се користи во специјалната воена операција, а тестовите се веќе во тек“, изјави директорот на државната руска корпорација Rosteh, Сергеј Чемезов, на средбата со претседателот на Русија, Владимир Путин.
„Мислам дека ова е перспективен дрон-хеликоптер кој може да подигне товар од 50 килограми“, му кажал Сергеј Чемезов на Владимир Путин.
Овој дрон-хеликоптер ќе се користи за доставување пошта во региони кои имаат многу тешка транспортна логистика. Според Сергеј Чемезов, раководството на Јакутија е подготвено да потпише договор со компанијата „Rosteh“.
Претседателот на Русија му дал наредба на Сергеј Чемезов да го зголеми производството на дронови од типот „Лансет“ и „Куб“. Тој оценил дека овие дронови се многу ефикасни за уништување на странски оклопни возила.
БАС-200 за прв пат беше претставен на јавноста на изложбата „МАКС-2021“. Не е потребна писта за нејзино лансирање. Полетува вертикално од кое било место, од земја или транспортно возило.
Може да лебди над земјата за да проучува и фотографира локации. Во автоматскиот режим, може да лета до четири часа со товар до 50 килограми. Дрон-хеликоптерот под оптоварување може да прелета 430 километри.