ВИДЕО | РУСИТЕ ОСТАНАА БЕЗ ТЕНКОВИ !? Сергеј Шојгу лично посетил моќна фабрика во Сибир за да побара само едно нешто – погледнете!

Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, посети воена фабрика во сибирската област Омск каде побара од раководството и вработените да произведат повеќе тенкови за да ги задоволат потребите на руските вооружени сили во Украина, откако Киев ја започна контраофанзива со моќно западно оружје.

Сергеј Шојгу посети воена фабрика во Западен Сибир и ја истакна потребата од одржување на зголемено производство на тенкови“, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Весникот Index го цитира FrancePress дека Сергеј Шојгу рекол дека е неопходно да се задоволат потребите на руските вооружени сили кои спроведуваат т.н. „специјална воена операција“ што Москва ја започна во Украина во февруари 2022 година.

Излегува дека Русија тврди дека украинската контраофанзива не успеала, додека Украина тврди дека украинската армија повторно зазела неколку села и околу 100 квадратни километри територија, главно на јужниот фронт.