ВИДЕО | РУСИТЕ СЕ ПОВЛЕКУВААТ !? Голем успех на Украинците на два клучни фронта – паника кај руските воени блогери: “Ситуацијата е тешка…“

Различни извори од Украина и Русија известуваат за напредувањето на украинските сили во областа Старомајорск, долж оската Голема Новосилка-Бердјанск на јужната линија на фронтот, пишува CNN.

Украинските специјални сили објавија видео-снимки од населбата, велејќи дека ги фатиле борците од 247-от руски падобрански полк, заедно со важна документација и разузнавачки информации.

CNN не е во можност самостојно да ја потврди автентичноста на тврдењата на украинските сили.

Друго видео од областа Старомајорска, потврдено од CNN, покажува како руските борци ги напуштаат своите позиции и се повлекуваат, наводно откако биле избркани од украинските сили, а руските воени блогери потврдија дека Украина ги интензивира операциите во областа.

Познатиот руски воен блогер Rybar објави дека 36-тата маринска бригада на украинската морнарица повторно се обидела да ги нападне позициите на вооружените сили на Руската Федерација западно од споменатата област.

Друг воен блогер тврди дека ситуацијата за русите се усложнува: „На борците не им е лесно, тие одбиваат интензивни напади. Тешка е ситуацијата во градот Старомајорске. Постои веројатност дека непријателот ќе ја преземе контролата врз местото“.

Украинските сили денес беа успешни на подрачјето на Старомајорска“, изјави денес портпаролот на Генералштабот на вооружените сили на Украина, Андриј Ковалев.