ВИДЕО | РУСИЈА ПОВЕЌЕ НЕМА ЦЕЛОСНА КОНТРОЛА НА ЦРНОТО МОРЕ – Громобранска акција на украинските специјалци, погледнете

Украинските специјални сили повторно ги зазедоа морските платформи за дупчење што ги држеше Русија од 2015 година во „уникатна операција“ што може да ги поттикне напорите за враќање на контролата врз Црното Море.

На видео-снимката објавена од Воената разузнавачка служба на Украина (ГУР) се гледаат украинските сили како го креваат знамето на Украина од платформите познати како „Кули Бојка“.

Платформите за нафта и гас во северозападниот дел на Црното Море се под руска контрола по нелегалната анексија на полуостровот КримРусија ги користи за воспоставување воена контрола над водите во близина на јужниот брег на Украина од почетокот на сеопфатната инвазија, се вели во објавата на ГУР на социјалните мрежи.

Нивното повторно преземање е најновиот напад на или околу Крим од страна на украинските специјални сили или флоти со беспилотни летала. Британските воени претставници минатиот месец изјавија дека кулите би можеле да служат како напредни бази за распоредување, локации за слетување на хеликоптери и за распоредување ракетни системи со долг дострел.

слика

Не е познато колку време им требало на украинските сили да ја вратат контролата врз објектите, но се верува дека операцијата е дел од долгорочните напори за деградирање на руските сили во Црното Море

За Украина, враќањето на контролата врз кулите беше од стратешко значење и, како резултат на тоа, Русија ја загуби способноста да ги користи за воени цели“, се вели во описот на видеото објавено од ГУР и се додава: „На Русија и е ускратена можноста целосно да ги контролира водите на Црното Море, а тоа ја прави Украина многу чекори поблиску до враќањето на Крим“.