ВИДЕО | Сакала да направи ‘модерно’ видео за Инстаграм, а истото завршило ‘трагично’ – Една од најубавите Српски пејачки паднала од работ на базенот и удрила во градите

Популарната српска пејачка Сара Џо на својот Инстаграм профил редовно споделува моменти од приватниот и деловниот живот, а последното видео кое го објави загрижи многу нејзини следбеници.

Имено, во видеото згодната пејачка позира покрај базен, но во желбата да фати што поинтересни и поубави кадри доживеала несреќа. Пејачката изгубила рамнотежа, па со сета сила паднала на работ од базенот и удрила во градите. За среќа, Сара Џо не доживеала посериозна повреда.

Погледнете го видеото ОВДЕ.

Иако видеото предизвика многу загрижени коментари, се чини дека познатата српска пејачка е сосема добро и ќе продолжи да ужива на грчкиот остров Миконос заедно со нејзината пријателка, блогерката Дуња Јованиќ.