ВИДЕО | Сакал да ја запроси девојката, а неповикан гостин им го уништил моментот: Таа им ја расипала романтиката, а целиот свет се смее од урнебесната сцена

Заљубен пар отишол на планина до најубавиот поглед, а момчето тогаш решило таму да ја запроси својата девојка, но не успеал да го сними целиот настан поради смешна причина.

Имено, еден човек по име Кевин Соларез дошол до брилијантна идеја да ја запроси својата девојка во планините во близина на Андермат, Швајцарија.

Со оглед на тоа што се одело според планот, не очекувал дека главниот дел ќе биде уништен поради коза!

Реакцијата на неговата девојка била позитивна и го кажала судбоносното да, но токму во тој момент коза ја „намирисала“ камерата и ја бутнала така што се гледа само небото.

@thesun

A romantic proposal in the Swiss mountains turned out to be quite the comedy 🎥: Kevin Solleroz via Storyful #fyp #foryoupage #fail #engagement #engagementfail #funny #viral #goat

♬ original sound – The Sun

Момчето веднаш истрчало да го земе телефонот, а во позадина се слушаше девојката како се смее бидејќи тоа се случило. Ова дефинитивно не му бил план, но затоа заврши во сите медиуми.

Сепак, девојката на крајот кажала да, а тој за Storyfull изјавил дека козата го направила запросувањето урнебесно.