ВИДЕО | “Само сакам да проверам дали Ѓоковиќ ми има честитано!“ – погледнете ја хит реакција на Никола Јокиќ по освојувањето на НБА титулата! Момчето од Сомбор ги насмеа новинарите до солзи: Го извади мобилниот телефон, па…

Новиот НБА шампион и МВП на финалната серија, Никола Јокиќ, беше одлично расположен на прес-конференцијата по освојувањето на титулата.

Српскиот ас на Денвер Нагетс му ја донесе шампионска титула и стана вистински миленик на Американците. Денвер Нагетс станаа шампиони во НБА лигата, откако во петтиот натпревар од финалната серија го совладаа Мајами Хит со резлутат од 94:85 и стигнаа до победата со 4-1 .

Јунак на триумфот беше Никола Јокиќ, кој натпреварот го заврши со 28 поени, 16 скока и четири асистенции.

По свечената церемонија и големото славје на теренот и во сала на Денвер Нагетс, следуваше прес-конференција на која се истакна и Никола Јокиќ.

Србите безсоменние во последните два дена го ‘покорија’ спортскиот свет. Новак Ѓоковиќ го освои Ролан Гарос, а Никола Јокиќ НБА лигата, па еден американски новинар се интересираше за мислењето на момчето од Сомбор за неверојатните успеси на Србите.

Никола Јокиќ по прашањето веднаш го извадил мобилниот телефон за да провери дали има порака од српскиот тенисер, а потоа сфатил дека има премногу пораки, па на шега опцул:

Јеботе, охх, не, има премногу пораки, ќе го исклучам телефонот“, рекол Никола Јокиќ и предизвикал лавина смеа во прес-салата.

Потоа продолжи со малку посериозен тон:

Спортот е нешто што е посебно во Србија. Го имаме Новак Ѓоковиќ, кој е веројатно најдобриот досега, Новак е најдобар за нас досега, сега имаме шампион во НБА, многу е убаво чувството да се биде Србин сега“, изјавил Српски ас.