Адријана Лима проговори за својата НАЈГОЛЕМА БОРБА! Во нејзината ИСКРЕНА ИЗЈАВА ќе се пронајдат многу жени

Адријана Лима проговори за проблемите со кои се соочува откако на 42 години го роди третото дете – синот Сијан.

“Раѓањето ме уништи. Секој ден е нова борба и секој ден морам да се потсетувам дека морам да го прифатам моето ново тело, но и да направам се што можам за да го доведам во ред што е можно поскоро”, изјавила манекенката. во интервју за „Пипл“.

„Чувствувам дека сум во транзиција и затоа вежбам напорно и се мачам секој ден, но секој ден учам нови работи за себе и моето тело во четириесеттите. И тоа е во ред, бидејќи телото различно реагира на истите дразби на различни возрасти“, додаде таа.

Инаку, Адријана има две ќерки од поранешниот брак, 12-годишната Валентина и 9-годишната Сијена, кои ги доби со српскиот кошаркар Марко Јариќ, од кој се разведе во 2016 година, по седум години брак .

Адријана Лима

По разводот среќата повторно ја најде со Андреа Лемерс, а во септември минатата година го добија синот Сијан.