Повеќе од половина Американци под предупредување поради горештини или поплави во САД

) – Опасниот топлотен бран ќе продолжи да биде активен на источниот брег и во централните подрачја на САД во текот на викендот, поради што Националната метеоролошка служба (НМС) издаде предупредување за горештините за милиони Американци.

„Повеќе од 190 милиони луѓе, или 60% од американската популација, од четвртокот се наоѓаат под предупредување за жештини или поплави“, објави Националната метеоролошка служба.

Боб Оравец, водечки временски прогнозер од Центарот за предвидување на времето на НМС, изјави дека топлотниот бран ќе ги зафати сите големи градови.

Најавено е дека вчерашниот и денешниот ден ќе бидат најтопли денови во летото за милиони луѓе од приморска Вирџинија преку Вашингтон до Бостон.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, во четвртокот упати предупредување дека „пристигнала ерата на глобално вриење“, наведувајќи дека се присутни климатски промени и дека тоа е само почеток.

Претседателот на САД, Џо Бајден, во четвртокот најави низа мерки со намера да им помогне на Американците да се изборат со високите температури, вклучително и барање до Министерството за труд да издаде предупредување за опасност од жештини и да го засили спроведувањето на Законот за работа, со цел да се заштитат работниците.