ВИДЕО | Серена Вилијамс го роди своето второ дете, а откри и како ќе се вика девојчето: “Добредојде убав ангелу!“

Една од најуспешните тенисерки во историјата, Серена Вилијамс, го роди своето второ дете, девојче по име Адира Ривер Оханијан, а заедно со сопругот Алексис Оханијан, во вторникот на социјалните мрежи ја споделија среќната вест.

Добредојде мој прекрасен ангелу“, напиша Серена Вилијамс во видеото објавено на социјалната мрежа Тик Ток на кое се гледа таа, Алексис Оханијан и нивната 4-годишна ќерка Олимпија како го гушкаат новороденчето.

@serena

Welcome my beautiful angel

♬ original sound – Serenawilliams

Серена Вилијамс, 23-кратната победничка на Грен Слем, која изјави дека се повлекува од тенисот по минатогодишниот УС Опен, на црвениот тепих на Мет Гала во Њујорк во мај потврди дека го чека своето второ дете.

Серена Вилијамс има 41 година и е една од најодликуваните тенисерки во историјата.

Серена Вилијамс и Алексис Оханијан се запознале во 2015 година кога налетале еден на друг во хотел во Рим. Набрзо почнале да излегуваат и се заљубиле. Една година подоцна се свршија, а истата година ја добија ќерката Олимпија.