ВИДЕО | СЕ ОГЛАСИ И БЕЛАТА КУЌА – САД го следи конфликтот меѓу руските команданти и Вагнер: “Џо Бајден е информиран за се!“
Адам Хоџ, портпарол на Советот за национална безбедност на САД, објави дека Белата куќа го следи конфликтот меѓу највисоките руски воени претставници и силите на Вагнер.
Voice of America (VOA) јавува дека Белата куќа ќе се консултира со сојузниците и партнерите за случувањата во Русија.
Американските медиуми ја пренесоа и изјавата на Адам Хоџ дека претседателот Џо Бајден бил информиран за развојот на ситуацијата во Русија во петокот навечер.
Претседателот на Русија, Владимир Путин, вонредно и итно и се обрати на нацијата откако војниците од приватната воена група Вагнер на Евгениј Пригожин ја презедоа контролата врз руските градови Ростов на Дон и Воронеж.
„Обидот да се предизвика раскол во општеството е удар во грб“, нагласи Владимир Путин, додавајќи дека преголемата амбиција на Евгениј Пригожин доведе до предавство на Русија.