ВИДЕО | ТОТАЛЕН РАСКОЛ ВО РУСИЈА – Најдобриот воен командант на Владимир Путин го моли Евгениј Пригожин и Вагнер да се повлечат: “Ние сме иста крв, ние сме воини, престанете!“

Еден од највисоките руски воени команданти, генерал Сергеј Суровикин, ги повика платениците на групата Вагнер да ја послушаат волјата и наредбата на претседателот Владимир Путин и да се вратат во својата база.

Заедно со вас поминавме низ тешко, напорно патување, заедно се боревме, ризикувавме, загубивме и заедно победивме. Ние сме од иста крв, ние сме воини. Ве повикувам да престанете. Непријателот само чека да ни се влоши внатрешно-политичката ситуација. Не смееме да играме во рацете на непријателот во овој тежок момент за државата. Пред да биде доцна, мора да направиме нешто, мора да ја послушаме волјата и наредбата на претседателот избран од народот и сите проблеми ќе ги решиме по мирен пат“, рекол во своето обраќање меѓу другото Сергеј Суровикин.

Инаку, борците на Вагнер ја преземаат контролата врз сите воени објекти во рускиот град Воронеж, објави медиумската агенција Reuters повикувајќи се на извор од руските безбедносни сили. Воронеж се наоѓа на околу 500 километри јужно од Москва.