ВИДЕО | Се појави првата снимка од Владимир Путин по воениот пуч – еве што му вети лидерот на Кремљ на рускиот народ!
Кремљ денес ја објави првата изјава на рускиот претседател Владимир Путин по завршувањето на кризата со вооружениот бунт на платеничката група Вагнер, во која тој им честиташе на учесниците на индустрискиот форум.
Не е јасно кога и каде е направена снимката, пишува медиумската агенција Reuters. Владимир Путин му се обрати на рускиот народ во саботата, осудувајќи го бунтот на платениците на Вагнер како „убод во грб“ и вети дека ќе го уништи истиот.
Тој јавно не го коментираше последователниот договор, објавен доцна во саботата, кој ја смири кризата и спречи можно крвопролевање дозволувајќи им на борците на Вагнер да се вратат во базата и нивниот лидер Евгениј Пригожин да се пресели во Белорусија.
Денеска беше објавено и дека рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ги посетил руските војници вклучени во т.н. „специјална воена операција“ во Украина, што е негово прво појавување во јавноста по бунтот викендов на групата Вагнер.
Во извештајот на руската медиумска агенција РИА Новости, повикувајќи се на Министерството за одбрана на Русија, јасно се посочува дека Сергеј Шојгу се уште е врховен командант, но не се наведени детали кога и каде се сретнал со војниците и командантите на Западниот воен округ.
Руските воени блогери се сомневаат во тајмингот на видеото на министерот за одбрана. Видео-снимката од 47 секунди, без звук, беше поставен на социјалната мрежа Телеграм. Набргу по објавувањето на видеото, руските воени блогери изјавија дека веруваат дека видеото е снимено пред бунтот. Сергеј Шојгу не беше виден во јавноста откако Евгениј Пригожин започна бунт во петокот вечерта и привремено го зазеде јужниот руски град Ростов на Дон. Тие хаотични часови не ги коментираше ниту началникот на Генералштабот на Русија, Валери Герасимов.