ВИДЕО | “СЕ УШТЕ СУМ ЖИВ!“ – Папата Франциско ја преживеа операцијата и ја напушти болницата подготвувајќи се за долго патување

Папата Франциско (86 г.) ја напушти римската болница Gemlli, откако повеќе од една недела таму беше хоспитализиран поради операција.

Италјанските медиуми пишуваат дека поглаварот на Римокатоличката црква ќе продолжи со натамошното закрепнување во Ватикан.

Папата беше примен во болница на 7. јуни на лапаротомија и хируршка процедура на абдоминалниот дел. Италјанските медиуми наведуваат дека тој со месеци страдал од стомачни болки поради инцизија на кила, кои се влошувале.

Кога ја напуштил зградата на болницата, Папата го пречекала маса верници кои се собрале околу него за да го поздрават.

Сè уште сум жив“, им рекол Папата на толпата.

Самиот инсистирал на операцијата која била извршена под целосна анестезија, за да може навреме да закрепне за планираните патувања летово. Папата од 2. до 6. август треба да ја посети португалската престолнина Лисабон, а на крајот на тој месец ќе отпатува за Монголија.