ВИДЕО | СИТЕ ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊЕТО НА ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ – ПАЛЧО – Убиецот на Вања Ѓорчевска со ефтин трик сакал да ја измами турската полиција !?
Љупчо Палевски – Палчо, осомничен за киднапирањето и бруталното убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, беше фатен во Турција.
Засега нема потврдени информации до која дестинација сакал да оди Љупчо Палевски. Убиецот ќе им биде предаден на македонските власти по завршување на екстрадициската постапка, за која, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кажа дека се надева дека ќе биде завршена што е можно поскоро.
„МВР контактираше со локалната полиција, од нив дознаваме дека Љупчо Палевски – Палчо се наоѓа во градот Баликесир. Се преправал дека сака да оди со такси до Истанбул, но сакал да се врати во Баликесир. Тој бил уапсен од турската полиција додека се движел по еден од автопатите кај Баликесир. Кога ќе дојде овде ќе зборува за се, а кога ќе заврши целиот истражен процес ќе бидат познати сите информации“, објасни Оливер Спасовски на прес-конференција кога ја сподели веста дека првоосомничениот е фатен.
Оливер Спасовски се заблагодари на соработката и брзите реакции на службите од Србија, Бугарија, Турција, а особено за помошта што ја понуди и Хрватска.
Љупчо Палевски – Палчо на 30. ноември побегна во Србија со возило „Skoda“ управувано од неговиот адвокат кој денес се најде помеѓу осомничените за убиството и киднапирањето. Таму ноќта ја поминал во хотел, од каде што утредента друго лице од Скопје го превезло со џип „Range Rover“ („Ренџ Ровер“) преку граничниот премин „Градина“ кон Бугарија.
„Во Центар“ (www.vocentar.com) ексклузивно и први во државата објавивме каде се криел Љупчо Палевски во Белград и како тој успеал да пристигне до Бугарија, а подоцна и до Турција. Сите овие детали и целосната анализа за овој грозоморен случај можете да ја погледнете на Јутјуб каналот на новинарот Васко Ефтов одосно со кликање ОВДЕ.