ВИДЕО | СКАНДАЛОЗНО – Снимката која ја шокираше цела Србија и регионот: Криминалецот Кристијан Голубовиќ ‘држел’ часови во основно училиште во Белград!

Според информациите на медиумот N1, инспекцијата на Министерството за образование на Србија констатирала дека директорката на белградското основно училиште „Ѓура Јакшиќ“, Тамара Јелиќ, направила грешка во работата. Министерот Бранко Ружиќ наредил итно да се постапи според наодите од увидот и да се разреши директорот поради пропустите и грешките во работата.

Инспекцијата на Министерството за образование на Србија денеска испратила допис до училиштето во кое се наведувало дека била пронајдена грешка во работата на директорката, кога таа незаконски им ги дала просториите на училиштето на музичката група „Црни Церак“ и криминалецот Кристијан Голубовиќ поради снимање видео.

Имено, на 20. април на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа осудениот криминалец Кристијан Голубовиќ – познат и како учесник во реалното шоу „Задруга“ на српската телевизија Пинк – и музичката група „Црни Церак“ во училница на ова училиште.

Откако родителите на учениците изразиле незадоволство од овој настан, директорката на училиштето изјавила дека не знаела дека Кристијан Голубовиќ ќе се појави во училиштето и дека училишниот простор го изнајмила на групата „Црни Церак“ по барање на актерката Срна Ланго.

Исто така, незадоволните родители веќе две недели протестираат пред училиштето, а претходниот ден организирале голем собир за да го изразат своето незадоволство поради овој настан.