‘ДОНЕСЕНА’ ОДЛУКА – Коста К. и неговиот татко по тричасовно рочиште ја негираат вината – еве за што се сомничат

Српските медиуми известуваат дека осомничениот односно „детето чудовиште“ ја негирал вината за масакарот од пред два дена во главниот град на Србија, Белград, по рочиштето кое траело повеќе од три часа.

Во соопштението се вели дека 13-годишниот ученик К.К. донел оружје и муниција во основното училиште „Владислав Рибникар“ во кое и учел и каде испукал голем број истрели и убил еден обезбедувач и осум ученици, додека тешко ранил уште шест соученици и еден наставник.

Според претходните изјави на полицијата, во истрагата по пукањето во училиштето биле пронајдени 57 чаури и уште шест куршуми.

Се сомнева дека таткото, односно В.К не ги обезбедувал условите за безбедно чување оружје и муниција, бидејќи не го чувал истото на соодветно место за да не дојдат во сопственост на неовластени лица и дека оружјето и муницијата не ги чувал заклучени и во посебни сефови кои не можат лесно да се отворат.

Последица од ваквото дејствие е, како што се сомнева обвинителството, дека момчето успеало да дојде до пиштолот „CZ Shadow“ калибар 9х19 милиметри и пиштолот „Ruger MK“ калибар 22 милиметри, за кои осомничениот В.К. поседувал дозволи, кои биле несоодветно обезбедени и недостапни за други лица.

Обвинителството посочува дека К.К. не одговара кривично бидејќи не наполнил 14 години, а заради ситуацијата е сместен во соодветна психијатриска установа за деца и млади.

Сегашната граница на кривична одговорност за малолетниците во Србија е 14 години, а по трагедијата во училиштето српскиот претседател Александар Вучиќ предложи како една од превентивните мерки да се намали лимитот на кривична одговорност од 14 на 12 години.

Српскиот адвокат и до неодамна комесар за информации од јавно значење, Родољуб Шабиќ, претходно во петокот за N1 ја оцени контроверзната идеја за намалување на старосната граница на кривична одговорност од 14 на 12 години, со оглед на тоа што Србија е потписник на Конвенцијата за правата на детето, покрај кои се предлага дополнително да се подигне границата.