На “Табановце“ и “Богородица“ за излез од државата се чека околу половина час, а еве каква е ситуацијата и на останатите гранични премини

На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ за излез од државата се чека околу 30 минути, информира АМСМ. 

На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово Велес, МавровоДебарСтруга, Виница Берово и Кочани Делчево