ВИДЕО | Скијач од Црна Гора објави драматичен момент снимен среде лавина

Жељко Пејовиќ, ски инструктор и член на тимот на планинската спасувачка служба од Црна Гора, на социјалните мрежи објави драматичен момент снимен среде лавина.
Скијаше на Бјеласица. Како што можете да видите на видеото, скијата се заглавила, а потоа започнала лавината. За среќа, се се заврши добро и Пејовиќ успешно се спушти.

„Кога ќе стане густо, држете се до онаа: „Само ставете го во бело“. Бјеласица, 21.1.2024 година“, наведува тој во описот.

Инаку, Пејовиќ е единствениот Црногорец кој скијаше од највисокиот европски врв Елбрус во 2012 година.

„Дојдов до информации дека има доста луѓе кои загинале при скијање од Елбрус. Иако многу барав фотографии на интернет, не ми се чинеше дека има премногу тешки технички делови, освен за делот кој е околу 150 метри под врвот, но фотографиите се едно, а реалноста е друго, во што набрзо се уверив“, изјави тој претходно за putokaz.me .