ВИДЕО | СЛУЧАЈНО ГО СНИМИЛА МОМЕНТОТ ВО КОЈ ДОБИЛА ОТКАЗ – Објавувала видео на Тик Ток, а потоа следувал кошмар за оваа девојка

Една Американка случајно го снимила моментот кога добила отказ од компанијата Amazon додека се обидувала да сними видео за социјалната мрежа Тик Ток

Видеото засега е прегледано повеќе од шест милиони пати на социјалната платформа.

Џен Лукас од Атланта експериментирала со популарниот тренд каде луѓето се обидуваат да го прикажат своето секојдневие во стилот на режисерот Вес Андерсон. Сепак, во нејзиното видео имало еден непријатен момент, бидејќи за време на снимањето открила дека била отпуштена од работата како менаџер за вработување во компанијата Amazon.

Се прашував дали воопшто треба да го објавам ова, но дали некој од вас е отпуштен, само за да знаете дека не сте сами“, напишала таа во описот на објавата. Таа потоа во следното видео објаснила дека, иако е малку смешно, всушност била навистина шокирана што компанијата ја отпуштила бидејќи работела таму осум години, а минатата година била промовирана два пати.

Знам дека не се работи за мојот настап или каков работник сум, но тоа не ми помага многу. Делумно сум среќна затоа што оставив исклучително токсична средина, но се чувствувам како неуспех и разочарување и јас мразам да им објаснувам на луѓето дека сум отпуштен од работа, но тоа е животот“, додала таа.