ВИДЕО | СНИМКА КОЈА ГИ ОСВОИ СРЦАТА НА СИТЕ – Бабичка танцува и ја крева атмосферата на концерт на Александра Пријовиќ
Три вечери по ред Александра Пријовиќ (28 г.) минатиот викенд ја забавуваше публиката во Ниш, Србија, на нејзината турнеја „Од Исток до Запад“. Во толпата луѓе кои добро се забавувале, една весела баба се истакнува и стана хит на социјалните мрежи.
Уште пред да се наполни салата, бабата танцувала и ја кревала атмосферата, додека една девојка ја снимила и објавила на социјалната мрежа Тик Ток. По видеото следеа бројни коментари од корисниците ширум регионот.
„Кралица“, „Баба царица“, „Колку ми е убаво кога го гледам ова“, „Прекрасна е“, беа само дел од комплиментите под видеото.
За време на концертот има и видео од среќната баба каде публиката танцува и скока, но изгледа дека и бабата одлично се забавува на хитовите од во моментот најбараната музичка ѕвезда на Балканот, Александра Пријовиќ.
Очигледно во музиката на Александра Пријовиќ уживаат сите генерации!