ВИДЕО | Снимка од дивјачки напад врз постара жена и мало девојче ја крена Франција на нозе: “Не сакам ваква земја!“ – вознемирувачко

Француската јавност се крена на нозе откако беше објавено видео од насилен напад на постара жена и нејзината внука, пренесува Newsweek.

Француските власти соопштија дека инцидентот од видеото се случил во понеделникот во југоисточното пристаниште Бордо.

На видеото снимено од безбедносните камери може да се види како 73-годишната жена и мало девојче стојат на влезот од зграда и маж кој е оддалечен од нив на околу пет метри. 

Кога мажот почнал да им се приближува, бабата и девојчето влегле во зградата и почнале да ја затвораат влезната врата. Но, тој не им дозволил да ја затворат и насилно влегол во зградата по нив.

На видеото можете да видите како мажот ги извлекува од зградата и ги фрла на земја. Потоа, мажот ја фаќа девојката за рака и ја фрла во воздух, но таа некако се одбранува и не паѓа. Напаѓачот потоа зел нешто од тротоарот и се оддалечил од местото на настанот.

Француските власти соопштија дека видеото и изјавите на сведоци и помогнале на полицијата брзо да го уапси осомничениот. Неговиот идентитет не е откриен.

Повозрасната жена по нападот била пренесена во болница, но не се знае нејзината состојба.

Провинцијата Нова Аквитанија и департманот Жиронд, административни единици на кои припаѓа Бордо, велат дека насилството на видеото „ретко се гледало“.

Префектот го осудува овој недозволив чин и се надева дека наскоро ќе бидат познати сите негови околности“, велат од градот Бордо, пренесуваат тамошните медиуми.

Видеото од споменатиот напад го објави на социјалната мрежа Твитер поранешниот градоначалник на БордоНиколас Флоријан. Тој напишал дека „неподносливиот“ напад се случил среде бел ден.

Им ја давам целата моја поддршка. Барам силна реакција од правосудните органи“, вели Николас Флоријан во описот на објавата.

Повикувајќи се на извори во полицијата, телевизијата BFM објави дека осомничениот е роден во 1993 година во Бордо и дека од претходно и бил познат на полицијата.

Неколку екстремно десничарски политичари сугерираат дека мигрантите кои дошле во Франција се виновни за криминалот во земјата.