РУСИТЕ ВО СЕ ПОТЕШКА СИТУАЦИЈА !? Офицерите на Владимир Путин ѝ свртеа грб на командата и повикуваат на помош од обесчестениот генерал

Руската Армија се наоѓа во се потешка ситуација во областа Запорожје. Институтот за проучување на војната (ISW) во својот најнов извештај известува дека офицерите на руската бригада во таа област во целосен очај го повикале на помош нивниот поранешен командант Иван Попов.

Оваа вест всушност ја пренесоа руските воени блогери, а заклучокот на целата приказна е дека ситуацијата за Армијата на Владимир Путин во областа продолжува да се влошува и дека војниците и го свртеле грбот на новата команда.

Иван Попов беше разрешен од командантската функција на почетокот на јули, а причината е што ја откажа послушноста кон Валериј Герасимов и военото раководство. Во тоа време, тој протестираше дека неговите војници се уморни, несоодветно опремени, што на крајот резултираше со големи загуби.