ВИДЕО | СНС ВО СТИЛОТ НА ВМРО-ДПМНЕ – Голем скандал ја тресе Србија: Александар Вучиќ формирал дувло од дури 14.310 лажни профили кои шират дезинформации на Интернет: “Ја трујат Србија!“

Голема афера со лажни профили на социјалните мрежи (ботови) ја тресе соседна Србија. 

Според белградската редакција на телевизија N1, на Интернет се појави листа од 14.310 профили на владејачката Српска напредна партија (СНС) на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм, Твитер и Тик Ток, на кои ботови на владејачката партија испраќаат свои пораки и коментари во што го идеализираат претседателот Александар Вучиќ и неговата политика или пак ги навредуваат и напаѓаат сите оние кои не мислат како него, а пред се српската опозиција и демонстрантите кои веќе неколку недели „шетаат“ барајќи заминување на Александар Вучиќ од политичката сцена.

Скандалозната листа содржела и конкретни имиња на ботови, а 3.162 од нив биле откриени како „професионални“, покрај нивната постојана работа или функција, кои работат за СНС. Станува збор за бројни вработени во градските администрации, министерства и други државни или локални институции, како и директори на училишта, професори на факултети и други кои зависат од државниот буџет. 

Српските медиуми јавуваат дека некои добиваат хонорари за оваа мала услуга на Александар Вучиќ и владејачката партија за да им помогнат да ја надминат инфлацијата и тешката социјална состојба.

Профилите на ботовите се поделени во четири категории. Тоа се класични ботови чија должност е да пишуваат пофално и афирмативно за СНС и политиката на Александар Вучиќ, потоа т.н. суперспецијалисти, најчесто вработени во државни и јавни служби кои реагираат во вонредни ситуации и се поливалентни – од покажување љубов кон голем лидер до мразење на непријателот. Потоа е подгрупата „хејтери“ задолжени да ги навредуваат, омаловажуваат, „демаскираат“ и исмеваат оние кои имаат спротивно мислење за мисијата и големината на Александар Вучиќ, а во последната група „навивачите“ се задолжени само да го фалат и поттикнуваат култот на Александар Вучиќ.

Има различни категории на овие луѓе. Таканаречените хејтери пишуваа против опозицијата, дури и против Србија, за да ги испровоцираат другите на социјалните мрежи. Има и такви кои споделуваат разни наредби на СНС. Имате и највисоки координатори од сите овие, кои дури и беа под име и презиме“, изјавил експертот за медиуми и комуникации Игор Авжнер.

Откако беа откриени, некои профили беа избришани или затворени. Извесен Марко Јовановиќ признал дека е „бот“, но и негов имењак, а и двајцата биле „алтер его“ на поранешниот претставник на СНС во Собранието, Јанко Лангура.

Според N1, градови со најмногу СНС ботови се Крушевац со 87 луѓе, Шабац со 70 и Лесковац, каде се наведени 63 лица кои ја извршуваат оваа задача, а меѓу нив има претставници во Градскиот совет и вработени во администрацијата и градските претпријатија.

Пред неколку години, од социјалната мрежа Твитер беа избришани околу 8.500 објави во кои се фалат СНС и Александар Вучиќ, според N1. Да потсетиме, пред неколку години, денешниот градоначалник на БелградАлександар Шапиќ, призна дека користи ботови, но се пожали дека „наредбите за пофалба“ не стигнуваат од него.

Интересно е што токму ваква ситуација се случуваше и во Македонија, кога за време на 11-годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ односно Никола Груевски, беше формирано т.н. дувло кое имаше за цел да објавува пофални зборови за бегалецот Никола Груевски и да пишува негативни работи за сите кои не размислуваат како него. Според некои информации, во Македонија и во моментот наголемо работи дувлото на ВМРО-ДПМНЕ кое секојдневно шири хаос и паника на социјалните мрежи преку лажни профили и сеење на лажни вести.