ВИДЕО | Сопругата на Брус Вилис за прв пат јавно си ја отвори душата: “Не сум добро, но морам да дадам се од себе за саканиот и семејството…“

Откако Брус Вилис, во март 2022 година, објави дека се повлекува од актерството поради здравствени проблеми, поконкретно – поради афазија, пореметување што му го отежнува зборувањето, верните обожаватели чекаат само добри вести. За жал, тоа не се случи. 

Една година подоцна, на Брус Вилис му беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција. Оваа болест вклучува група на нарушувања кои се закануваат на фронталниот и темпоралниот лобус на мозокот. Делови од овие лобуси атрофираат и намалувањето на овие области на мозокот може да предизвика проблеми со говорот и емоциите и промени во личноста. Како резултат на тоа, пациентите имаат тешкотии во комуникацијата, а болеста влијае и на меморијата.

Сопругата на Брус ВилисЕма Хеминг Вилис, сега објави емотивна објава на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм во која зборува за нивното секојдневие од перспектива на личност која се грижи за тешко болен член на семејството. 

Ема Хеминг Вилис (45 г.), поранешен модел и основач на брендот Make Time Wellness, изјави дека од почетокот на здравствената криза на Брус Вилис и било многу тешко да избега од темните мисли, бидејќи знае дека тие мораат да живеат онолку како добро колку што можат. Таа истакна дека секој ден „свесно се труди“ да ја надмине тагата со позитивност. Таа го спомна и чувството дека секогаш мора да остави впечаток пред јавноста дека е силна 24 часа и дека без проблем поминува низ секојдневните обврски, грижа и тага како што знаат само членовите на семејството на заболените од деменција.

Не сум добро. Воопшто не ми е добро“, едноставно вели таа во видеото и додаде дека причината не е само тоа што таа е „примарната старателка“ на Брус Вилис, туку и што гледа како здравјето на саканиот последна година се влошува.

Погледнете го целото видео ОВДЕ.

Но“ – додаде таа – „морам да дадам се од себе за доброто на себе и на моето семејство“. Ема Хеминг Вилис кажала и дека се труди да им биде најдобра мајка на нивните девојчиња Мејбел (11 г.) и Евелин (9 г.), а во исто време постојано го следи својот болен сопруг, чија комуникација со семејството секој ден станува се потешка…

слика
Брус Вилис

Ема Хеминг Вилис сакаше да испрати порака до сите кои минуваат низ слични работи, кои се грижат за другите, но и дека и тие мора да се грижат за себе.

Така ќе бидеме подобри за оние на кои им е потребна помош“, објасни таа и ги советуваше своите следбеници да обезбедат барем мал дел од денот само за себе, оној во кој ќе „најдат нешто убаво“ за да можат да постигнат некоја вид на рамнотежа среде постојана болка и борба.

Истакнувајќи дека таа не е експерт, таа вели дека дефинитивно вреди да се обидете да направите нешто за себе. Попатно таа им се заблагодари и на сите кои беа и се уште се со нејзиното семејство. Судбината на Брус Вилис, омилениот акционен херој и актер во бројни хитови, допре многумина, а неговите обожаватели продолжуваат верно да го поддржуваат. Илјадници реагираа на искрената објава на Ема Хеминг Вилис, испраќајќи ги своите приказни и искуства, но и утешни зборови и разбирање.