ВИДЕО | СПЕЦИЈАЛЦИТЕ СПАСИЛЕ ДВЕ ДЕЦА – Драмата во Пакистан продолжува: Уште шест лица се заглавени во жичарата, а времето истекува…

Пакистанските специјалци спасиле две од осумте лица заглавени во жичара која утрово се заглави на височина од околу 274 метри во планинска област во северозападниот дел на земјата.

Ова го објави локалната телевизија GeoNews, наведувајќи дека специјалните сили на пакистанската Армија почнале да ги извлекуваат заробениците десет часа по почетокот на оваа драма.

жичарница, Пакистан
Пакистан

BBC ја пренесе изјавата на полицискиот функционер Мухамед Амџад кој вели дека две деца биле спасени и со хеликоптер биле префрлени на местото каде докторски екипи ги прегледале и било констатирано дека и двете деца се во стабилна состојба.

Акцијата продолжува, бидејќи спасувачите сакаат да ја завршат пред да се стемни.

Еден од двајцата возрасни кои утрово се качиле на жичарницата заедно со своите деца, претходно преку мобилен телефон контактираше со локалната телевизија GeoNews.

Тој вели дека меѓу децата кои оделе на училиште со тоа превозно средство имало и 16-годишник кој со тоа превозно средство требало да биде префрлен во локалната болница.

Тој изјавил дека патникот имал проблеми со срцето и три часа бил во несвест и побарал помош.

Немаме вода за пиење. Итно ни треба вода за пиење“, рекол тој и додал дека учениците заробени во жичарата се на возраст од десет до 15 години и дека едно дете меѓу нив се онесвестило.

CNN претходно ги објави наводите на локалниот функционер Билал Ахмад Фаизи дека децата кои живеат во провинцијата Сајбер Пахтунхва ја користеле жичарата за да одат на училиш кога еден од нејзините кабли се скинал на голема надморска височина.

Американската телевизија јавува дека многу деца кои живеат во оддалечените и планински области на оваа пакистанска провинција користат жичарници за да стигнат и да се вратат од училиште, од кои некои не се редовно одржувани и се опасни за патување.