ВИДЕО | СПРЕЧЕН ГОЛЕМ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО МОСКВА – Човек сакал да ја крене во воздух железничката станица
На железничка станица во главниот град на Руската Федерација, Москва, е спречен обид за терористички напад.
Според локалните медиуми, во Москва е уапсен маж кој планирал да разнесе цистерна на железничката станица, соопшти за руските новинари Јулија Иванова, помошничка првиот човек на главниот директорат на Истражниот комитет во руската престолнина.
„Во Москва е приведен маж поради планирање терористички акт на територијата на областа на главниот град“, изјави претставничката на Истражниот комитет на Москва.
Осомничениот за пари добил задача од непознато лице да изврши терористички напад.
Против него е покрената кривична постапка по два члена, пренесува медиумската агенција РИА Новости.
Видео-снимката од полициската акција и апсењето на осомничениот од руските специјални служби можете да ја погледнете ОВДЕ.