ВИДЕО | Србите предадоа куп оружје, Александар Вучиќ го посети објектот во кој се е натрупано – сцените се навистина шокантни
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својата официјална веб страница денеска се пофали со огромното количество оружје собрано во Србија.
Фотографиите кои ги објави прикажуваат илјадници автоматски пушки, главно со столпчиња на преклопување, како и снајперски пушки, митралези и друго оружје.
„Важно е таквите работи да завршат во рацете на државата, а не да зависиме од тоа дали некој поединец ќе реши да ги искористи“, изјавил во таа прилика Александар Вучиќ.
Да потсетиме, по масакрот во белградското основно училиште и другите инциденти поврзани со оружјето, поточно двете престрелки во кои загинаа 17 лица, меѓу кои и многу деца, српските власти најавија голема акција за чистење на Србија од оружје, а во домовите на србите има 700 и 900 илјади парчиња на оружје.
Пред осум дена Владата на Србија објави едномесечен период во кој граѓаните ќе можат да го предадат оружјето без никакви санкции. За осум дена наводно биле собрани повеќе од 13.500 парчиња оружје. Покрај автоматско оружје и бомби, предадени се и противтенковски ракетни фрлачи.
Огромен асортиман на оружје е изложен во фабриката кај Смедерево, на педесетина километри јужно од Белград, а кампањата ќе трае уште 22 дена.