ВИДЕО | СРБИЈА ‘ПОЛУДЕ’ ПОРАДИ ОВАА СНИМКА – Жељко Митровиќ прво објави а потоа избриша: Сопственикот на ТВ Пинк се ‘пофали’ како добива инструкции од Александар Вучиќ: “Сега ќе објавам на Твитер…“

Сопственикот на српската телевизија Пинк, Жељко Митровиќ, на социјалната мрежа Твитер објави наводна преписка (разговор) со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пишуваат соседните медиуми.

Веднаш по објавувањето, Жељко Митровиќ, како што пишува Nova.rs, ја сфатил својата грешка и ја отстранил објавата. Но, корисниците на социјалната мрежа Твитер во Србија ја зачувале неговата вистинска објава.

На видео-снимката која беше објавена на социјалната мрежа Твитер се гледа дека Жељко Митровиќ по грешка објавил целосен скриншот од својот екран на мобилниот телефон и не го „отсекол“ делот на кој се гледа неговата наводна преписка (разговор) со Александар Вучиќ.

Според она што може да се види на видео-снимката, лицето по име „Вучиќ“ преку апликацијата за размена на пораки WhatsApp му ја испратило на првиот човек на телевизијата Пинк следнава порака:

Кога телевизиски се снима преку главата, изгледа дека ги има, но од дронот не можете да сокриете дека ги нема“, а на неговата порака Жељко Митровиќ одговорил со: „Па, секако. Ова го објавив на Твитер од дронот“.

Во понеделникот, според проценките на организаторите, неколку десетици илјади луѓе учествуваа на собирот односно протестот против насилството во Белград, повикувајќи на оставка на највисоките функционери и укинување на лиценците за медиумите под контрола на државата кои промовираат насилство. Се чини дека бројот на оние кои излегле на улица многу ја загрижи владејачката партија во Србија, чии функционери избезумено испраќаат изјави, пишува споменатиот медиум.

Александар Вучиќ, пак, на српската телевизија Хепи изјави дека очекува „повеќе сериозност и одговорност“, обвинувајќи ја опозицијата за злоупотреба на трагедијата. Тој процени дека на протестот имало околу 9.000 луѓе.