ВИДЕО | Средба на претседателот Стево Пендаровски со учесници на Форумот за културна дипломатија – Скопје 2023

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска примил учесници на Форумот за културна дипломатија – Скопје 2023, што се одржува во организација на кабинетот на поранешниот македонски претседател, Ѓорге Иванов, Институтот за културна дипломатија од Берлин, Градот Скопје и Меѓународниот центар „Алијанса на цивилизациите“.

На средбата, на која присуствуваа поранешниот претседател на Бугарија, Петар Стојанов, поранешниот претседавач со претседателството на Босна и Херцеговина, Младен Иваниќ, како и поранешните премиери на Молдавија, Наталија Гаврилита и на Либан, Хасан Диаб, претседателот Пендаровски беше запознаен со целите на форумот, насочени кон подобрување на меѓународните односи, со промовирање на демократијата, единството и мирот преку културна дипломатија во новата ера на конфликти и насилство“, соопшти Кабинетот на Стево Пендаровски

Претседателот на државата го поздравил одржувањето на форумот и ја истакнал важноста на културната дипломатија во унапредувањето на севкупните односи меѓу нациите, како и за подобрување на меѓународната видливост на државите.

На средбата беа разменети мислења за актуелните состојби во поширокиот регион, војната во Украина, како и за текот на ЕУ-интеграцискиот процес на Северна Македонија“, се наведува во соопштението.