ВИДЕО | СТРАШНА ЕКСПЛОЗИЈА – Украинците за прв пат употребија моќно американско оружје: Скривниците на групата Вагнер срамнети со земја!
Joint Direct Attack Munitions, скратено JDAM, се американски бомби управувани од сателит, кои прв пат беа фрлени од невидливи бомбардери над Косово во 1999 година, а потоа беа користени во војните по 11. септември 2001 година.
Долго време се зборуваше дека администрацијата на Џо Бајден им ги испратила овие прецизни бомби на Украинците, но сега за прв пат се појави и видео-снимка од нив забележани во Украина.
На видеото се гледаат четири ефикасни и исклучително силни удари врз зградите во уништениот град Бахмут, каде што биле сместени војниците од групата Вагнер. Комплетот JDAM обично е прикачен на бомба за општа намена тешка од 220 до 900 килограми и ја претвора гравитациската бомба во прецизен проектили водени од системот GPS.
Се уште нема официјална потврда од независните експерти дека се работи за системот JDAM, но дека украинските воздухопловни сили ја зголемиле борбената моќ, ефикасноста и безбедноста на операциите, го потврди генералот Џејмс Хекер, командант на американските воздухопловни сили во Европа, како и Сојузничката воздушна команда на НАТО која соопшти дека Украина го примила и успешно го користи JDAM-ER.
Во зависност од висината и брзината на авионот од кој се пука, бомбата JDAM може да помине околу 26 километри пред да експлодира. Со правилен тип на опрема, украинските авиони потенцијално можат да носат повеќе JDAM во една мисија, исто како што тоа го прават воените авиони на САД и НАТО.
Од нивната прва борбена употреба во доцните 1990-ти години, JDAM беа подобрени и на истите беа додадени нови способности. Тие можат да работат со различни осигурувачи кои контролираат дали ќе експлодираат над земјата, на површината или откако ќе бидат закопани во земја. Еден ажуриран комплет додава пар крила кои се отвораат по фрлањето на бомбата, овозможувајќи да лета подолго проектилот.
New York Times објаснува како требало да се решат некои основни хардверски и софтверски проблеми: комплетите JDAM не беа дизајнирани за употреба со руските бомби што ги користи Украина, а руските воени авиони што ги има Киев не можат да носат американски бомби и руските компјутерски системи не може електронски да комуницираат со американски ракети.
Откако Полска се приклучи на НАТО, некои од нејзините авиони MiG-29 беа надградени за да носат западно оружје, што бара замена на нивните советски компјутерски системи. На почетокот на април, Полска ги испорача првите ловци MiG-29 што и ги вети на Украина.