ВИДЕО | СТРАШНИ ЕКСПЛОЗИИ НА АВТОПАТ ВО ГЕРМАНИЈА – Верижен судир на пет камиони, од кои едниот превезувал опасна материја – има и мртви

Најмалку две лица го загубија животот во верижен судар на камион на автопат во Германија во близина на градот Магдебург.

Инцидентот се случил во вторникот околу 12 часот по локално време.

Возач на камион кој превезувал опасни материи удрил во три камиони, а потоа во нив удрил петти камион натоварен со контејнери под висок притисок полни со азотен оксид.

Германија, експлозија

По несреќата следела драматична верижна реакција: од сударот се запалиле камионите, а пламенот се проширил и на товарот со опасни материи. Плинските боци кои биле натоварени на еден од камионите експлодирале едно по друго.

Црн чад се издигнал кон небото, одекнале експлозии, додека возачите бегале од местото на несреќата.

Неколку возила кои се приближувале до местото на несреќата се оштетени од летечки отпад. Судирот резултираше со брз развој на пожарот и ширење на пламенот“, изјавила портпаролката на германската полиција, пренесуваат тамошните медиуми.

Германија, експлозија

Bild пренесува дека полицијата долго време не можела да се приближи до местото на несреќата бидејќи било премногу опасно.

Дури во вечерните часови, неколку часа по несреќата, спасувачките служби успеале да се приближат до местото на несреќата и да започнат со спасување.

Во несреќата загинаа најмалку двајца возачи на камиони. Повреден е уште еден возач на камион кој учествувал во инцидентот“, соопштила полицијата во вторникот вечерта.

Според пишувањата на германските медиуми, се стравува дека на местото на несреќата полицијата ќе најде уште тела.